ВОЛГОГРАД

Само што заврши Мундијалот, еден стадион скоро уништен (Фото)

Светското првенство во Русија ги оправда сите очекувања, а спортската јавноста најмногу е задоволна од организацијата на ова натпреварување.

објавено: 17 јули 2018 - 18:15

Мундијалот помина скоро без никаква грешка, во неделата го дознавме новиот светски шампион, Франција со 4:2 ја совлада Хрватска.

Но, само два дена после најголемиот фудбалски собир на светот, од Русија доаѓаат лоши вести. Стадионот во Волгоград претрпе оштетување во непосредна близина откако поради силен дожд дошло до уривање што може да биде погубно за целата конструкција.

Во наредните денови ќе биде детално прегледан, но спрема првите информации има неколку оштетувања на конструкцијата.

 

Најново во Меѓународен Фудбал