ТЕШКО КОЈ ЌЕ МОЖЕ ДА ГИ СОВЛАДА

Само еден Македонец во југословенскиот тим од соништата: Ристовски ја одбрани нашата чест

Иако веќе долго време не постои оваа држава, речиси на секое големо натпреварување ностолгичарите се обидуваат да се потсетат на поранешната држава со правење на идеален тим. 

објавено: 18 јуни 2018 - 08:57

Иако веќе долго време не постои оваа држава, речиси на секое големо натпреварување ностолгичарите се обидуваат да се потсетат на поранешната држава со правење на идеален тим. Во него се најде само еден Македонец, за првпат по подолго време тоа не е Горан Пандев.

Станува збор за десниот бек на Спортинг Лисабон, Стефан Ристовски, кој ја одбрани честа на македонскиот фудбал со тоа што се најде на списокот од најдобрите 23 фудбалери од земјите од поранешна Југославија. Селектор на оваа репрезентација би бил Нико Ковач, новиот тренер на Баерн Минхен.

 

Најново во Меѓународен Фудбал