НА ЛАТИНО-СПЕКТАКЛОТ ВО САМАРА

САМБАТА ИТА КОН ТИТУЛА: Нејмар го проби мексиканскиот „ѕид“! (Видео)

Денеска ќе дознаеме уште една четврфинална двојка на Мундијалот, а во новото осминафинале во попладневните часови репрезентацијата на Бразил со 2:0 го елиминираше Мексико.

објавено: 2 јули 2018 - 17:51

Се до 23. минута се редеа нападите на Мексико пред голот на Алисон, но сеуште немаше удари кон голот на „Кариоките". А тука како да застанаа Мексиканците, а Бразил од 30. минута па се до крајот ги држеа конците на играта.

120 секунди подоцна одлична шанса за Нејмар, мајсторски се ослободи од двајца мексикански дефанзивци на лево криоло, но Очоа му го скрати аголот и го одбрани ударот.

На пет минути до крајот на првото полувреме Нејмар уште еднаш се закани овојпат од слободен удар од околу 30. метри, но топката заврши неколку метри над голот на Мексиканците.

На стартот од второто полувреме, поточно во 51. мин. Бразилците поведоа со 1:0, Вилијан мајсторски истрча на левата страна, ја уфрли топката во петерецот на Мексико, а таму Нејмар со лизгачки старт само ја вметна топката во мрежата за 1:0. Веднаш се обидоа да израмнат, но Алисон беше внимателен и го одбрани ударот на Карлос Вела што и беше прв нивни директен удар во рамките од голот во мечот.

Со сите сили се обидоа Мексиканците да дојдат до израмнување и евентуални продолженија, но сите налети беа лесно запрени од искусната бразилска одбрана. Крај на сите дилеми стави нововлезениот Фирмино, а сета задача ја заврши Нејмар кој асистираше за поставување на конечниот епилог.

За пласман во полуфиналето на СП, селекцијата на Бразил на 6. јули во Казањ ќе игра против подобриот од дуелот помеѓу Белгија-Јапонија.

Најново во Меѓународен Фудбал