АВСТРИЈЦИТЕ СО НОВА ПОБЕДА ВО ШАМПИОНАТОТ

Салцбург ги поправи грешките пред реваншот со Шкендија (ВИДЕО)

И во третото коло популарните „бикови" триумфираа во најквалитетната австриска лига...

објавено: 12 август 2018 - 19:45

Салцбург пред своите гледачи со резултат 2:0 успеа да ја совлада екипата на Австрија Виена.

Стрелец на првиот гол за домаќините беше интернационалецот од Замбија по додавањето на Дабур во 38. минута, а Израелецот исто така се запиша во листата на стрелците во 77. минута после асистенцијата на Јунузовиќ.

„Добро игравме во многу фази од натпреварот - со и без топката, а перформансите на моите момци навистина ме импресионираа. Во пресрет на мечот зборувавме за неколку работи кои во среда не ме задоволија толку многу. Сериозно ја сфативме задачата и одлично реагиравме", рече тренерот на Салцбург, Марко Росе.

Моментно се наоѓаат на првата позиција на табелата со девет максимални бодови и во следното коло ќе го пречекаат Хартберг на 18. август.

Во вторник со почеток од 20:15 часот на Националната Арена „Филип Втори" - Скопје Салцбург доаѓа на реваншот против македонскиот шампион Шкендија во третото квалификациско коло од ЛШ. Потсетување, Австријците имаат предност од 3:0 по првите 90. минути одиграни на нивни терен.

Најново во Меѓународен Фудбал