МЕКСИКО МИНИМАЛНО ВО КОНТРОЛНАТА СРЕДБА НАД КОСТАРИКА (3-2)

Ремек дело на Родригез: Колумбија со мајстории триумфираше против САД! (ВИДЕО)

Доцна синоќа се одиграа два пријателски натпревари, Колумбија триумфираше над САД (2:4), додека Мексико со 3:2 славеше против Костарика.

објавено: 12 октомври 2018 - 08:27

На стадионот „Рејмонд Џејмс" во Тампа, Флорида колумбиските фудбалери со пресврт дојде до победата против Американците.

После првото полувреме водеа избраниците на селекторот Монтеро со погодокот на Родригез во 36. минута од средбата.

На стартот од вториот дел домаќините за период од три минути направија пресврт благодарение на Сајеф и Вуд.

Израмнувањето се случи три минути подоцна кога стрелаше Бака, а потоа му се придружија Фалкао (74.) и Борја после асистенцијата на Родригез (79.). На вториот дуел во Сан Николас де лос Гарса Мексиканците минимално со 3:2 беа подобри од фудбалерите на Костарика.

По првите 45. минути резултатот беше 1:2 за гостинот преку Кембел (29.), па четири минути подоцна израмни домаќинот (Гузман), а непосредно пред паузата повторно во водство дојде Костарика од пенал кој го реализираше Руиз (44.).

До триумфот Мексико дојде во второто полувреме, за нов егал на средбата се погрижи Мартин, а конечниот епилог го постави Хименез со удар од белата точка.

Најново во Меѓународен Фудбал