„КРАЛСКИОТ КЛУБ“ ПОВТОРНО СО СООПШТЕНИЕ ПОВРЗАНО СО НЕЈМАР

Реал втор пат официјално демантира, дали е се завршено со Бразилецот?

За само неколку дена мадридскиот гигант со соопштение вели дека не се интересира за Бразилецот од ПСЖ

објавено: 14 јули 2018 - 16:29

Реал Мадрид ќе го доведе Нејмар за сума од 333 милиони евра, пишуваше вчера шпанскиот весник „Ас“. Тоа би било рекорден трансфер за еден играч. Нејмар минатото лето направи еден историски трансфер, откако за 222 милиони евра од Барселона се пресели во Пари Сен Жермен. Со „светците“ има договор до 2022 година, но по заминувањето на Кристијано Роналдо од Реал, се погласни се шпекулациите дека може да се случи Бразилецот да заврши на „Сантијаго Бернабеу“.

Реал остро демантира дека ќе го купи Нејмар ова лето и тоа го прави по втор пат за само неколку дена. Со официјално соопштение мадриѓани повторно велат дека Нејмар не е во нивните планови за следната сезона.

„По повод најновите пишувања поврзани околку доаѓањето на играчот на ПСЖ, Нејмар, во нашиот клуб, Реал Мадрид потврдува дека клубот нема план да направиникаква понуда за тој фудбалер“, се вели во соопштението на Реал Мадрид. 

Најново во Меѓународен Фудбал