ОТКАКО СТАНА ЈАСНО ДЕКА НЕЈМАР ОСТАНУВА ВО ПСЖ

Реал вади речиси 200 милиони евра за Азар

„Кралскиот клуб“ мора да најде начин како да привлече една голема ѕвезда која ќе биде замена за Кристијано Роналдо

објавено: 20 јули 2018 - 13:20

Бразилецот Нејмар и дефинитивно е надвор од плановите на Реал Мадрид за новата сезона. Ова стана јасно откако Нејмар самиот изјави дека не планира да го менува тимот и ќе остане во Пари Сен Жермен.

Затоа Реал сега се фокусираше на Планот Б, а тоа е доведување на Еден Азар од Челзи. „Кралскиот клуб“ веќе испрати една порака до Челзи за Азар, но лондонскиот клуб веднаш ги одби понудените 130 милиони евра, нарекувајќи ја понудата „смешна“. 

Сега Реал за речиси 50 отсто ја зголеми понудата и е подготвен да даде 190 милиони евра за реализација на овој трансфер. Доколку Челзи ја прифати оваа понуда, Азар ќе стане вториот најскап фудбалер во историјата, веднаш зад Нејмар, чиј трансфер од Барселона во ПСЖ вредеше 222 милиони евра. 

Според некои најави од Англија, Челзи ќе се држи до првичниот план, да не го продаде Азар за помалку од 225 милиони евра. Договорот на белгискиот репрезентативец со Челзи е до 2020 година.  

Најново во Меѓународен Фудбал