СПЕКТАКЛ ВО ТАЛИН, КРАЛЕВИТЕ ПРОТИВ ГРАДСКИТЕ РИВАЛИ (21:00)

КАКО БЕЗ ЗИДАН И РОНАЛДО: Реал го брани трофејот од Скопје!

Шпанските клубови ќе се сретнат во финалето од УЕФА Суперкупот откако минатата сезона ја освоија Лигата на шампионите и Лига Европа.

објавено: 15 август 2018 - 14:05

Натпреварот ќе се игра денеска со почеток од 21:00 часот на Арената „Ле Кок" во Талин (Естонија). Да потсетиме, ланското издание се организираше во Скопје (Македонија) каде што „кралевите" тогаш предводени од тренерот Зинедин Зидан триумфираа над Манчестер Јунајтед со 2:1. Повеќе прочитајте ТУКА

Сега Реал Мадрид го води Хулен Лопетеги кој ќе го има своето официјално деби на клупата против градските ривали, односно Атлетико Мадрид.

Реал е прилично во добра форма особено во нападот, во рамките од Интернационалниот шампионски куп триумфираше против Јувентус и Рома, како и против Милан на „Сантјаго Бернабеу". Поголемиот дел од шпанските репрезентативци од СП имаа цела предсезона добро да се подготват на тренинзите, како и Бејл и Бензема кои не учествуваа на Мундијалот.

Лука Модриќ играше само 15 минути од предсезоната, неодамна се врати од одморот после настапот со Хрватска со која стигна до финалето. Воедно во изминатиот период многу се зборуваше околу неговата иднина, дали ќе го напушти клубот. Во пред-сезоната импресионираше новото засилување Винисиус Жуниор, потоа стигна голманот Куртоа од Челзи, но се очекува Навас да биде во стартните 11. Сега останува да се види како ќе реагира составот без Роналдо кој беше најдобар стрелец токму во овие мадридски пресметки со 22 гола...

Атлетико Мадрид претходно беше поразен од Интер со 1:0, иако покажа добра одбранбена игра. Не блескаа ниту кога славеа 1:0 над Каљари, а од друга страна секако челниците беа активни и на трансфер пазарот ангажирајќи го Томас Лемар од Монако за 63. милиони фунти.

Од „Ванда Метрополитано" си заминаа Фернандо Торес и Габи Фернандез кои направија бесплатни трансфери во Јапонија, односно Катар. Дуото од Светското првенство, Антоан Гризман и Лукас Хернандез им се вратија на тренинзите минатиот понеделник, па поголеми се шансите да бидат на клупата. Играше во предсезоната, се очекува Лемар заедно да започне со засилувањето од Милан, Никола Калиниќ.

-МЕЃУСЕБНИ НАТПРЕВАРИ-

Реал Мадрид и Атлетико Мадрид досега се сретнале 219 пати, „кралевите" биле подобри на 109. натпревари, а „јорганџиите" на 55, а исто толку се завршило нерешено. Ова ќе биде прв дуел помеѓу двајцата тренери, Лопетеги и Диего Симеоне.

-МОЖНИ ПОЧЕТНИ СОСТАВИ-

Реал Мадрид: Навас, Карвахал, Рамос, Начо Фернандез, Марсело, Касемиро, Крос, Бејл, Иско, Асенсио, Бензема.

Атлетико Мадрид: Облак, Ариас, Годин, Савиќ, Филипе Луис, Коке, Њигез, Родри, Томас Лемар, Кошта, Калиниќ.

Најново во Меѓународен Фудбал