СИГУРНО НИКОЈ НЕМА ДА БИДЕ ТОЛКУ ДОБАР КАКО ПОРТУГАЛЕЦОТ

Рамос знае кој ќе ја добие „седмицата“ на Роналдо

Кристијано во девет сезони одиграни на „Сантијаго Бернабеу“ даде повеќе погодоци од што одигра натпревари

објавено: 21 јули 2018 - 18:00

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос откри кој ќе биде наследникот на Кристијано Роналдо, односно на бројот седум кој беше заштитен знак на Португалецот во „кралскиот клуб“. Според најавите, Марко Асенсио е играчот кој во новата сезона ќе ја добие „седмицата“ во Реал. 

Оваа идеја за Асенсио да ја добие оваа бројка била на капитенот Рамос. Шпанскиот репрезентативец минатата сезона ја одигра одлично и според Рамос, добивањето на бројот седум треба да му биде дополнителна мотивација во новата сезона да биде уште подобар. 

Освен Роналдо „седмицата“ во Реал претходно ја носеше и легендарниот напаѓач Раул, што значи дека одговорноста на Асенсио ќе биде огромна. 

Најново во Меѓународен Фудбал