ЗБОГУМ ОД РУСИЈА, ЗА ДОБРЕДОЈДЕ НА КАТАР

Путин ја предаде мундијалската топка на Емирот од Катар

Пред почетокот на финалето на Светското првенство во Русија, беше најавено дека Катар за четири години треба да го повтори, па дури и да ја подобри организацијата од овој планетарен собир

објавено: 15 јули 2018 - 17:13

Домаќинот на Светското првенство 2018 година, Русија симболично ја предаде штафетата на Катар, земјата која треба да биде домаќин на следниот Мундијал во 2022 година. На церемонијата во Кремљ присуствуваа претседателот на Русија, Владимир Путин, првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, како и емирот на Катар Тамим бен Хамад Ал Тани. 

Претседателот на Русија Владимир Путин му ја врачи топката на Емирот од Катар за и официјално да се знае дека за четири години оваа земја треба да биде домаќин на најдобрите репрезентации во светот. 

Путин изјави дека е горд на русија и тоа како е организиран најголемиот светски фудбалски собир, а на Емирот од Катар му остана задача да ја повтори организацијата од овој планетарен собир, кој денеска се затвора со финалето меѓу Франција и Хрватска. 

Најново во Меѓународен Фудбал