АКО СЕ ПРАШУВАТЕ НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ИДИЛАТА НИЗ УЛИЦИТЕ

Путин има таен договор со хулиганите

Претседателот на Русија, Владимир Путин ги натерал хулиганите да потпишат договор дека ќе ги поштедат останатите фанови за време на Светското првенство.

објавено: 22 јуни 2018 - 14:40

Оваа информација ја открива член на една од најголемите навивачки групи од Москва, според кого хулиганите морале да ветат дека нема да прават нереди низ улиците, ниту пак ќе предизикуваат насилство.

„Предупредени се сите кои можат нешто да организираат. Од хулиганите земаа изјави, и бараа верување дека нема да прават ништо за време на Мундијалот. Познавам луѓе кои потпишаа документи", вели еден навивач од Русија за британски „Мирор".

Самиот припадник на навивачка група открива дека 90% од активните хулигани се повлекле уште на стартот на Светското првенство.

Како што пишуваат медоумите, зад одличната атмосфера низ улиците на Русија стои претседателот на оваа земја Владимир Путин, кој наредил да не се повтори насилството од 2016 година во Франција.

Дел од хулиганите кои не се појавиле на натпреварите се во домашен притвор, имаат наредба да останат во својата куќа.

Интернет порталот „Njuz.com.au" открива дека руските фудбалски навивачи се под заштита на Путин, кој во 2010 година виден е на гробот покрај тажните фанови, по убиството на поддржувачите на Спартак Москва.

Најново во Меѓународен Фудбал