ФУДБАЛЕР НА ВАСЛАНД-БЕВЕРЕН ПОДЛЕГНА ПОД ПРИТИСОКОТ

Прво признание за местенка во Белгија

Белгискиот фудбалер беше скршен од страна на истражителите и призна за местење на натпревар од Првата лига

објавено: 17 октомври 2018 - 15:15

Оливие Мини признал дека му понудиле пари за да влијае на исходот на натпеварот меѓу неговиот клуб Васланд-Беверен и Мехелен кој крајот на минатата сезона. Но Мини потенцирал дека не се согласил со тоа, но погрешил што не го пријавил случајот, а и не знае дали некој од неговите соиграчи бил подмитен.

Ова е прво признание на фудбалер за местенка по големата акција на белгиската полиција во белгиските клубови во која беа приведени фудбалери, судии, раководни луѓе и фудбалски агенти околу местење на натпревари и нерегуларности при трансфери на фудбалери.

Полицијата исто така го приведе и агентот на фудбалерот Томас Трох, а на ред дојде уште еден играч на Беверен Дејви Руф за кого постојат информации дека бил подмитен да влијае на резултатот на мечот за опстанок во Џупилер лигата. Мехелен победил со 2:0.

Најново во Меѓународен Фудбал