Следниот противник на Македонија со први бодови

Прва радост за Лихтенштајн

објавено: 9 септември 2018 - 22:49

Репрезентацијата на Литхенштајн ги прокнижи првите три бода во нашата група од Лигатана на Нации, победувајќи го пред своја публика Гибралтар со 2:0. Следниот ривал на нашата репрезентација во продолжението од натпреварите во октомври, славеше со погодоците на Салановиќ во 32. и на Визер во 72. минута.
Ова се први три бода за „банкарите" кои во првото коло тесно загубија на гостувањето во Ереван од Ерменците со 2:1. За Гибралтар, пак, по поразот на домашен терен од Македонија ова е втор „кикс" кој ги сместува на дното на табелата.


ЛИГА НА НАЦИИ – ЛИГА „Д"
ГРУПА „4" – 2. Коло
Македонија – Ерменија 2:0
Лихтенштајн – Гибралтар 2:0

СЛЕДНО КОЛО (13.10.2018)
Македонија – Лихтенштајн
Ерменија - Гибралтар

Најново во Меѓународен Фудбал