СРПСКИОТ СТРАТЕГ СО ПОРТУГАЛСКИ ПРЕДИЗВИК

ПРИСТИГНА ВО ЛИСАБОН: Михајловиќ нов тренер на Спортинг и Ристовски!

Се очекува поранешната фудбалска ѕвезда на Лацио да потпише три-годишен договор со плата од два милиони евра по сезона.

објавено: 18 јуни 2018 - 12:14

Официјално Синиша Михајловиќ пристигна во Лисабон, за денеска се очекува негова промоција како нов тренер на Спортинг во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски.

Зад лисабонските „лавови" стои разочарувачка сезона која кулминираше со напад на хулиганите врз играчите во кампот, по што тренерот Жорж Жесус поднесе оставка, додека седум играчи ги раскинаа своите договори.

Освен што беше селектор на Србија, досегашната тренерска кариера ја водеше во Италија каде што беше предводник на Катанија, Болоња, Фиорентина, Сампдорија, Милан и Торино.

Најново во Меѓународен Фудбал