ЕВРОПСКИОТ ФУДБАЛСКИ ПАЗАР ДЕФИНИТИВНО ЗБУДАЛЕ

Претераа: Одиграј три добри месеци и одма вредиш 50 милиони фунти

Бразилецот добро ја започна ланската сезона, а потоа целосно се изгуби, но неговата цена на трансфер пазарот сепак порасна и тоа три пати повеќе од што беше лани

објавено: 22 јули 2018 - 20:20

Бразилскиот фудбалер Ришарлисон минатата сезона дојде во тимот на Ватфорд и одлично започна. Во првите три месеци одигра неколку добри натпревари, но потоа едноставно го снема. Посебно лош беше Бразилецот во 2018 година кога беше стартер речиси на секој меч, но не даваше ниту гол, ниту пак имаше асистенција. 

Сепак, фактот дека одигра три блескави месеци во кои имаше пет голови и исто толку асистенции, направија Ришарлисон драстично да си ја зголеми цената. Бразилецот е на мета на тренерот на Евертон, Марк Силва кој впрочем и го доведе во Ватфорд, а под негово водство Ришарлисон ги покажа и најдобрите мечеви. 

Сега е можно повторно овие двајца заедно да соработуваат и тоа во тимот на Евертон. Се верува дека тимот од „Гудисон Парк“ е подготвен да плати неверојатни 50 милиони фунти за овој играч. Ако Ватфорд успее да го продаде Ришарлисон за оваа сума, тогаш тимот ќе има 37 милиони фунти заработувачка од само една сезона, бидејќи лани го купи за само 13 милиони фунти. 

Доколку овој трансфер се реализира за оваа сума, Ришарлисон ќе биде шестиот најскап Бразилецо во историјата на фудбалот, Нејмар, Кутињо, Кака, Алисон и Оскар. 

Најново во Меѓународен Фудбал