„РОСОНЕРИТЕ“ ДОБИЈА ПОТВРДЕН ОДГОВОР ОД СПОРТСКИОТ СУД

ПРЕСВРТ: Милан сепак ќе игра во Лигата на Европа

Некогашниот италијански гигант ја доби жалбата која ја испрати до Спортскиот арбитражен суд 

објавено: 20 јули 2018 - 13:01

Екипата на Милан ќе игра во Лигата на Европа сезонава. „Росонерите“ добија потврден одговор по нивната жалба до Спортскиот Арбитражен суд (КАС), по првичната одлука на УЕФА, миланската екипа да биде исфрлена од европските купови. 

На 27 јуни, УЕФА заседаваше и реши да го санкционира седумкратниот европски првак поради нарушување на финансискиот фер плеј. Се работи за периодот од 2014 до 2017 година, кога на чело на клубот беше Силвио Берлускони.

Новиот газда на Милан, Кинезот Ли не успеа навреме да даде финансиска гаранција дека ќе бидат регулирани сите долгови, па затоа следуваше одлука за суспензија од УЕФА натпреварувањата. По ова, Милан реши да се жали и денеска е потврдено дека жалбата е прифатена, а Милан сепак ќе го гледаме во Лигата на Европа. 

Најново во Меѓународен Фудбал