НА СПЕКТАКЛОТ ОДИГРАН ВО ТАЛИН ВО ШПАНСКАТА ПРЕСМЕТКА (4-2)

ПОТОНА „КРАЛСКИОТ“ БРОД: Атлетико Мадрид по трет пат го освојува Суперкупот на УЕФА!! (ВИДЕО)

Вечерва во Талин се одигра натпреварот од УЕФА Суперкупот помеѓу градските ривали Реал Мадрид и Атлетико Мадрид. Во шпанскиот дуел одигран во Естонија, односно на „Ле Кок" Арената, Атлетико триумфираше против досегашниот бранител на трофејот Реал со резултат 4:2.

објавено: 15 август 2018 - 23:44

Најпрвин уште во првата минута, поточно после 49. секунди игра Коста ги израдува „јорганџиите" за водство. Овој погодок на Шпанецот е досега најбрзиот постигнат во историјата на ова натпреварување.

Во 27. минута следуваше израмнувањето од страна на „кралевите", велшкиот интернационалец Бејл убаво го пронајде Бензема кој со глава ја затресе мрежата на Облак.

Потоа, во вториот дел следуваше пресвртот на тимот на Лопетеги, откако од пенал прецизно стрелаше Рамос во 63. мин.

За продолженија во 79. минута од средбата се погрижи Коста со својот втор погодок, а овој пат асистент беше Кореја.

Првото продолжение се покажа како кобно за Реал, а среќно за Атлетико. Најпрвин во 98. минута Томас додаде до Саул кој небранет од никого фантастично со левата нога го матираше Навас за враќање на позитивата на Атлетико.

Во 104. минута беше „нокаутиран" Реал, неговата одбрана целосно потфрли, опасниот Коке го искористи додавањето на Витоло за поставување на конечниот епилог.

Ова е трет трофеј за Атлетико Мадрид во ова натпреварување кое претходно го освојување во 2010. и 2012. година.

УЕФА СУПЕРКУП 2018 (Талин, Естонија)

Реал Мадрид-Атлетико Мадрид 2:4 по продолженијата (2:2, регуларни 90. минути)

Реал Мадрид: Навас, Марсело, Варан, Рамос, Карвахал, Иско (Лукас 83'), Касемиро (Себалос 63'), Кроос, Асенсио (Модриќ 57'), Бензема, Бејл

Атлетико Мадрид: Облак, Хуанфран, Савиќ, Годин, Лукас, Лемар (Томас 90+1'), Родри (Витоло 71'), Саул, Коке, Коста, Гризман (Кореја 57')

Најново во Меѓународен Фудбал