УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ

Португалија ја победи Италија и без Роналдо

објавено: 10 септември 2018 - 22:55

Во отсуство на најголемата фудбалска ѕвезда, Кристијано Роналдо, фудбалската репрезентација на Поругалија славеше над Италија со 1-0 во меч од втората рунда на „А-лигата" во УЕФА Лигата на нации. Вечерва во Лисабон, Португалците со единствениот гол на Андре Силва ги освоија првите три бода во групата, додека Италија по два меча остана без победа.

Во рамките на „Б-лигата", селекцијата на Турција направи неверојатен пресврт на „Френдс Арената" во Стокхолм, откако се врати од негатива од 2:0 за победа од 2:3 на гостувањето против Шведска. Јунак на турската репрезентација беше Акбаба кој погоди двапати во период од 4 минути во самиот финиш на средбата. Најпрво во 88. минута израмни на 2:2, а во втората минута од најдополнувањето погоди и вторпат за победа на Турците од 3:2.

Србија не успеа на домашен терен да слави над Романија, иако двапати водеше со головите на Митровиќ. На крајот гостите извадија реми за 2:2.

ЛИГА НА НАЦИИ
ЛИГА „А"
Португалија - Италија 1-0
ЛИГА „Б"
Шведска - Турција 2-3
ЛИГА „Ц"
Црна Гора - Литванија 2-0
Србија - Романија 2-2
Шкотска - Албанија 2-0
ЛИГА „Д"
Андора - Kазахстан 1-1
Косово - Ф. Острови 2-0
Малта - Азербејџан 1-1

Најново во Меѓународен Фудбал