КОИ ЌЕ БИДАТ КАНДИДАТИТЕ ЗА НАЈДОБАР ИГРАЧ ВО 2018 ГОДИНА?

Подгответе се: ФИФА најавува крај на ерата Меси - Роналдо!?

Неодамна заврши Светското првенство во Русија каде што со светската титула се закитија „триколорите"...

објавено: 23 јули 2018 - 18:31

Килијан Мбапе, Антоан Гризман, Пол Погба се само дел од ѕвездите кои ја водеа Франција на тронот во Москва.

Светската куќа на фудбалот најави дека во вторник во 16:00 часот ќе бидат објавени имињата на кандидатите за најдобар фудбалер на годината.

Многумина очекуваат оваа година да биде крајот на ерата Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Сега големи шанси за наградите им се даваат на Антоан Гризман (светски шампион и трофејот на Лига Европа со Атлетико Мадрид, потоа младиот супер талентиран напаѓач Килијан Мбапе (светски шампион) и Лука Модриќ кој има титула во ЛШ со Реал Мадрид и ја одведе Хрватска до финалето на СП.

Исто така, ФИФА ќе ги откри номинираните во трката и за следните три награди: најдобар тренер, најдобра фудбалерка и најдобар тренер во женска конкуренција. Се земаат успесите во периодот од 3. јули 2017 година до 15. јули 2018. година.

Победниците ќе бидат познати на свечената церемонија која ќе се организира на 24. септември во Лондон. Фановите ќе можат да гласаат од 24. јули до 19. август.

Најново во Меѓународен Фудбал