АЗИЈЦИТЕ ГО ШОКИРАА МАРОКО

Победа на Иран со автогол во 95 минута

Се чинеше дека мечот ќе заврши 0:0 кога пред последниот свиреж на судијата Будабуз невнимателно ја испрати топката во сопствениот гол

објавено: 15 јуни 2018 - 19:26

Иранците го победија Мароко со 1:0 во првиот меч од групата Б на Светското првенство во Русија. Бевме на прагот да го видиме првиот меч без голови кога во последните секунди од натпреварот се затресе мрежата на Африканците.


Мароканците во првиот дел имаа три убави шанси, а Зијех, Беланда и Бенатија не успеаа да го совладаат одличниот Бејранванд, додека Азмун имаше фантастична шанса да го доведе Иран во предност но неговиот удар го одбрани голманот.


Во вториот дел двете екипи играа претпазливо, а пред крајот на мечот Амбарат направи глуп прекршок по кој Иранците уфрлија во шеснаесетникот, а на првата статива Будабуз со глава ја испрати топката во својата мрежа. Мечот се играше на Крестовски стадионот во Санкт Петербург.
Ова е прва победа на Иран на СП по 20 години. Претходниот триумф им беше против САД со 2:1.

 

 

Најново во Меѓународен Фудбал