Реал ги раздаде напаѓачите во италија

По Роналдо и Бензема заминува во Серија А

Францускиот голгетер е следен на листата од „кралскиот клуб“ што треба да го напушти „Сантијаго Бернабеу“, за да замине во калчото

објавено: 21 јули 2018 - 09:00

Карим Бензема е пред потпис со екипата на Милан. Според најавите, претставници на „росонерите“ веќе ги договараат условите за овој трансфер. Бензема беше еден од омилените играчи на Зинедин Зидан, но откако стратегот летово си замина од Реал, стана јасно дека е време и голгетерот да побара нова средина. 

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо е еден од оние кој највеќе инсистира да се реализира овој трансфер.

„Сè се врти околу Милан. Претставници на Реал Мадрид беа во Милано, на состанок со Гатузо кој е архитект на овој трансфер. Тренерот веќе имал разговори со самиот играч и се договориле за условите“, пишуваат италијанските медиуми. 

Бензема во Реал има плата од девет милиони евра по сезона, плус бонусите. Во Милан би ги добил истите услови, но една година подолг договор. Сега останува само двата клуба да ги договорат условите околу оштетата. 

Најново во Меѓународен Фудбал