ПОРТУГАЛИЈА ВОДИ СО 1:0 НА ПОЛУВРЕМЕ

По голот кој го даде против Мароко: Роналдо е нов крал на Европа

Кристијано погоди по само четири минути во второто коло од Светското првенство и со 85 погодоци стана најдобар стрелец во сите европски репрезентации

објавено: 20 јуни 2018 - 14:52

Кристијано Роналдо продолжува да ги тресе мрежите на противниците на Светското првенство, но и да реди нови рекорди. На капитенот на Португалија, му беа доволни само четири минути за да ја затресе мрежата на Мароко, за водство на фаворитот од 1:0 на полувреме. 

Со тој погодок, Роналдо стигна до бројката од 85 погодоци во репрезентативниот дрес. Ниту еден друг фудбалер во ниту една друга европска репрезентација не постигнал повеќе погодоци во националниот дрес. Единствено пред Роналдо во светски рамки е Али Даеи кој има дадено 109 погодоци во 149 настапи за националниот тим на Иран. 

Најново во Меѓународен Фудбал