Босанците без креаторот за мечот со Австрија?

Пјаниќ се повреди, се чекаат лекарските тестови

објавено: 8 септември 2018 - 21:30

Креаторот на играта на Јувентус, Миралем Пјаниќ го напушти теренот на мечот против Северна Ирска во 83. минута на денешниот меч од Лигата на Нации во дресот на Босна и Херцеговина. Причина беше повреда која ја заработи во финишот на мечот и поради која не можеше да продолжи понатаму.

„Пјаниќ мораше да излезе поради повреда. Мораме да видиме каква е ситуацијата со него. Засега не можам да кажам ништо посебно", изјавил по мечот селекторот на БиХ, Роберт Просинечки.

Според босанските медиуми засега не може да се каже за каква повреда станува збо. Во прашање е сигурно доведен неговиот настап на мечот во вторник кој Босанците во Зеница го играат против селекцијата на Австрија, но исто така оваа повреда го запали алармот и кај првите луѓе на Јувентус кои се интересираат за состојбата на еден од своите најдобри фудбалери.

Најново во Меѓународен Фудбал