ДАЛИ ФИФА И УЕФА ЌЕ ПОПУШТАТ ПОД ПРИТИСОКОТ

Петиција: Над 100.000 луѓе се потпишале Рамос да биде казнет за стартот над Салах

Најдобриот играч на Ливерпул мораше предвреме да го заврши настапот во финалето на ЛШ поради дуелот со капитенот на Реал

објавено: 27 мај 2018 - 16:32

Не стивнуваат реакциите по контраверзниот дуел на Серхио Рамос со Мохамед Салах во финалето на Лигата на шампионите. Моментот кој е еден од решавачките во финалето се случи по само 30 минути игра. Рамос и Салах паднаа, а капитенот на Реал го згмечи најдобриот играч на Ливерпул, директно на рамото. 

Салах веднаш се пожали на повреда, а иако потоа се врати во игра, само неколку минути подоцна мораше да го напушти теренот со болки во рамото. Салах може дури и да го пропушти настапот на Светското првенство во Русија. 

Според многумина, нагмечувањето на Рамос врз рамото на Салах бил намерен потег на капитенот на Реал. Затоа огорчени фанови започнаа со собирање петиција која УЕФА и ФИФА да го казнат Рамос за својата постапка. За помалку од 24 часа се собрани преку 100.000 потписи во петицијата за казна на Рамос. 

Петицијата тешко дека ќе има некакво влијание кај ФИФА и УЕФА, но барем покажува колку навивачите се разочарани од потегот на Рамос, кој подоцна му напиша на Салах дека во фудбалот се случуваат такви работи.

 

Најново во Меѓународен Фудбал