ИНТЕРЕСЕН ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР

Паоло „скенира“, синовите еден против друг

Помалиот син на легендарниот Паоло Малдини играше за „росонерите", а поголемиот против нив

објавено: 9 септември 2018 - 17:45

Додека траат деновите на репрезентациите клубовите играат пријателски натпревари. Милан одигра со Про Пјаченца и победи со 1:0, а овој меч беше интересен поради тоа што боите на „росонерите" ги бранеше Даниел Малдини, помалиот син на легендарниот играч на Милан Паоло, за за гостите настапи постариот син Кристијан, додека нивниот татко Паоло заедно со мајка им Адријана беа на трибините.

Кристијан од ова лето е член на Пјаченца која се натпреварува во Серија Ц, додека неговиот брат 16-годишниот Кристијан ги запиша првите минути за Милан. „Росонерите" победија со 1:0 со погодокот на Фабио Борини.
Паоло Малдини од неодамна е во раководните структури на Милан.

 

Најново во Меѓународен Фудбал