СЕ МОЛАТ ДА НЕ Е НАЈСТРАШНОТО

Паника во Бразил, Нејмар го напуштил тренингот

Првата ѕвезда на Бразил, Нејмар поради повреда веднаш го напуштил денешниот тренинг.

објавено: 19 јуни 2018 - 17:40

Првата ѕвезда на Бразил, Нејмар поради повреда веднаш го напуштил денешниот тренинг. Врз него на дуелот со Швајцарија беа направени десет прекршоци, па за многумина не е чудно што има проблем.

Засега нема информации дали станува збор за нешто посериозно, од таборот на бразилската репрезентација сè во паника, бидејќи следат дуелите со Костарика и Србија. Пршање е дали Нејмар ќе успее да се опорави до петок за кога е закажан вториот меч.

 

Најново во Меѓународен Фудбал