СЕ „ПЛАШАТ“ ОД ЕВРОПСКИТЕ РЕПРЕЗЕНТАЦИИ

ПАМЕТНИ КОРЕЈЦИ: Како азискиот тим ги измами Швеѓаните?

Фудбалерите на репрезентацијата на Јужна Кореја на Светското првенство во Русија тренираат со заменети стартни броеви со цел да ги збунат своите противници од селекцијата на Шведска.

објавено: 18 јуни 2018 - 11:56

„Се одлучивме на таков потег, бидејќи сме следени од европските репрезентации. Сакаме да ги збуниме Швеѓаните", рече селекторот на јужнокорејската репрезентација, Шин Теонг.

Шведските медиуми претходно соопштија дека помошникот селекторот на Шведска, Ласе Јакобсон за време на затворениот тренинг на јужнокорејската репрентација во Австрија ја искористи куќата од која може да се гледа целиот тренинг на Јужна Кореја.

Подоцна, Ансерсон се извини поради недоразбирањето и не знаеше дека тренингот бил затворен за јавноста.

Денеска од 14:00 часот ќе се одигра и вториот натпревар од групата Ф, на „Новгород" стадионот во Нижњи Новгород, Корејците ќе ги одмерат силите против Шведска, а потсетување вчера Мексико приреди изненадување совладувајќи го бранителот на светската титула, Германија (1:0).

Најново во Меѓународен Фудбал