ПРВИОТ ЧОВЕК НА РИМСКАТА „ВОЛЧИЦА“

Палота не сака извинување од Барса: Нека ни го испратат Меси!

Кога сите помислија дека се е завршено околу трансферот на Малком од Рома на „Камп Ноу", се случува спротивното...

објавено: 27 јули 2018 - 14:15

Првиот човек на римскиот клуб, Џејмс Палота вели дека ова е навистина неморално и неетички од страна на каталонската екипа.

„Изгледа ова стана навика на Барселона во последните неколку години. Всушност, тие се извинија, но не го прифаќам извинувањето. Постојат само два начини преку кои ова може да биде решено. Првиот е нека ни го препуштат Малком, а вториот, кого би го прифатил како добра волја, да ни го испратат Меси", рече Палота.

Рома имаше практичен договор со Бордо за 35 милиони евра со бонуси да го доведат Бразилецот. Требаше да патува во Рим, но буквално пред да влезе во авионот, Барселона понуди шест милиони повеќе до францускиот прволигаш и Малком не влезе во авионот, иако навивачите на Рома го чекаа.

Најново во Меѓународен Фудбал