не можеше да го издржи притисокот, а револтот беше преголем

Озил се повлече од репрезентацијата: Дали е тоа поради Турција, или затоа што сум муслиман

Играчот кој има одиграно 92 меча за германскиот национален тим реши дека е доста

објавено: 22 јули 2018 - 21:50

Месут Озил повеќе не е репрезентативец на Германија. Играчот кој зад себе има 92 настапи за националниот тим на „панцерите“ реши да се повлече.

Против Озил беше направена хајка, откако се фотографираше со турскиот претседател Ердоган. Играчот кој има турски корени, реши целата ситуација јавно ја да образложи. 

„Доколку некој новинар или коментатор има забелешки за мојата игра, тогаш тоа можам да го прифатам. Не сум совршен играч и тоа може само да ме мотивира да работам подобро. Меѓутоа, не можам да прифатам тоа што медиумите во Германија постојано ме обвинуваат поради мојата повеќенационалност и една најобична фотографија, која како да е виновна за дебаклот на Германија на Светското првенство. Со тешко срце и после многу размислување, сакам да кажам дека повеќе не сакам да играм за Германија. Некогаш тој дрес го носев со голема гордост и почит, но повеќе не е така. Ова е многу тешка одлука, бидејќи секогаш сум го давал најдоброто од себе. Сепак, кога некои високи функционери во федерацијата не ги почитуваат моите турски корени и себично ме користат како политичка пропаганда, тогаш навистина е доста. Расизамот никогаш не смее да биде прифатен“, вели Озил. 

Разочараниот сега веќе екс репрезентативец на Германија се прашува дали има критериуми за тоа кој е вистински Германец. 

„Постојат ли вистински критериуми за тоа кој е вистински Германец? моите пријатели Лукас Подолски и Мирослав Клосе некогаш ги нарекуваа Полјаци-Германци, па зошто јас не сум Турчин-Германец. Дали е тоа поради што сум Турчин? Или затоа што сум Муслиман?“, се прашува разочараниот Озил. 

Најново во Меѓународен Фудбал