СПИСОКОТ ОДНОВО СКРАТЕН

Ова се тројцата фудбалери кои ќе се борат за престижната награда

УЕФА традиционално на 30. август овој месец во Монако ќе ја додели наградата за играч на годината. 

објавено: 20 август 2018 - 16:27

Неодамна листата на потенцијални кандидати беше скратена на 10 играчи, одлука која ја донесоа 80 тренери и 55 новинари, меѓу кои и од единствениот спортски весник кај нас „СПОРТ“. 

Во новата Топ 3 листа која ја објави УЕФА се најдоа: Лука Модриќ (Хрватска, Реал Мадрид), Кристијано Роналдо (Португалија, Реал Мадрид, сега Јувентус) и Мо Салах (Египет, Ливерпул).

Во оваа конкуренција место заслужува и Гризман, кој успеа да ја освои Лига Европа, Мундијалот и Суперкупот на УЕФА. Но, од друга страна Роналдо, Модриќ и Салах заслужено влегоа во потесниот круг, кој ќе го подигне ова признание ќе биде познато на 30. овој месец во Монако.

 

Најново во Меѓународен Фудбал