АРГЕНТИНЕЦОТ ЗА 18 МИЛИОНИ ЕВРА НА „САН СИРО“

Официјално: Игуаин на позајмица од Јувентус во Милан!

Заедно со искусниот напаѓач стигна и Матија Калдара, а во спротивен правец замина Леонардо Бонучи.

објавено: 3 август 2018 - 08:17

Гонзало Игуаин официјално дојде во Милан на едногодишна позајмица за 18 милиони евра, а клубот од „Сан Сиро" на крајот од сезоната може да го откупи за 36 милиони евра.

Од друга страна, 24-годишниот дефанзивец Калдара дојде како дел од трампата на двата клуба во која Бонучи се врати во редовите на „Старата дама", а потпиша со „росонерите" до лето 2023. година.

Во текот на двете сезони во Торино Игуаин постигна 55 голови на 105. натпревари и освои по две титули и Куп на Италија.

Најново во Меѓународен Фудбал