БРАЗИЛЕЦОТ СЕ РАЗДЕЛИ СО ШАХТЈОР

ОФИЦИЈАЛНО: Фред пет години во Манчестер Јунајтед

25-годишниот играч кој моментно настапува на Светското првенство во Русија, потпиша договор на пет години.

објавено: 21 јуни 2018 - 15:22

Тој е второто летно засилување на менаџерот Жозе Мурињо, после доаѓањето на португалскиот бек Диого Далот.

Од 2013. година кога дојде од Интернасионал, за неговиот досегашен клуб Шахтјор Доњецк постигна 15 голови од 155 натпревари.

„Ова е најголемиот клуб во светот и среќен сум што ќе бидам дел од еден неверојатен состав. Одлична можност да соработувам со Жозе Мурињо кој освоил многу трофеи во својата кариера", рече Фред.

Со Шахтјор беше по три пати шампион во украинскиот шампионат и Куп, и четири трофеи во националниот Суперкуп.

Најново во Меѓународен Фудбал