БРАЗИЛЕЦ, НО НЕ И ВИРТУОЗ СО ТОПКАТА

Новиот играч на Реал се посрамоти на промоцијата (Видео)

Виничиус Жуниор има само 18 години, а за сума од 43 милиони евра пристигна од тимот на Фламенго

објавено: 21 јули 2018 - 17:30

Реал Мадрид го претстави својот најнов играч Виничиус Жуниор. Бразилецот кој има само 18 години доаѓа од тимот на Фламенго, а за него беа платени 43 милиони евра. 

Виничиус во дебитантската сезона во сениорскиот тим на Фламенго одигра 37 меча и даде 14 погодоци и тоа беше доволно за да го привлече вниманието кај најсилните клубови во светот. Реал најбрзо реагираше и плати 43 милиони евра за талентираниот тинејџер. 

Иако веруваат дека ќе биде голема надеж, Виничиус се посрамоти на традиционалното претставување што го имаат новите играчи по доаѓањето на „Сантијаго Бернабеу“. Иако за Бразилците важи дека се виртуози со топката, тоа засега не може да се каже и за новиот играч на Реал Мадрид.  

Најново во Меѓународен Фудбал