ХРВАТСКА СО ПРОМЕНИ ПО СП ВО РУСИЈА

Нови осум имиња на списокот на Далиќ по мундијалското сребро

Еден од главните „виновници“ на историскиот успех на СП во Русија, Златко Далиќ го објави списокот за дуелите против Португалија и Шпанија во рамките на Лигата на Нации. 

објавено: 20 август 2018 - 13:57

Селекторот на хрватската репрезентација, Златко Далиќ го објави списокот за дуелите против Португалија и Шпанија во рамките на Лигата на Нации. За разлика од Мундијалот во Русија, на кој „коцкестите“ го освоија второто место и пишаа историја, Далиќ остана без Манџукиќ, Субашиќ и Чорлука, а на списокот ги нема ниту Стрниќ, кој има здрваствени проблеми.

Хрватската репрезентација ќе ја предводат капитенот Лука Модриќ, како и Ракитиќ, Вида, Ловрен..

Најново во Меѓународен Фудбал