ДУРИ СЕГА НЕ Е ДОБРО ЗА ЈУЖНОАМЕРИКАНЦИТЕ

Нов кошмар од Хрватите за Аргентина! „Коцкестите“ ќе играат со резерви против Исланд

Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ е убеден дека против Исланд може да си дозволи дури и пораз

објавено: 22 јуни 2018 - 08:30

Хрватска синоќа и го нанесе најтешкиот пораз на Аргентина на едно Светско првенство во последните 60 години. „Гаучосите“ во далечната 1958 година загубија со 6:1 од Чехословачка и од тогаш па се до синоќа никој ги немаше победено со три разлика. На Хрватите тоа им успеа и славеа со 3:0.

Овој резултат значеше и пласман на Хрватска во осминафиналето, а Аргентина допрва ќе се тресе дали ќе успее да ја помине групата во која има само еден бод од два меча. Исланд утре игра против Нигерија и ако Исланд слави, Аргентина ќе мора да навива Хрватска во последното коло да слави над „рибарите“.

Дури Исланд утре да одигра нерешено, повторно ќе биде во пол позиција пред Аргентина, а Хрватите мирно ќе го следат развојот на настаните. 

Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ синоќа на рес конференцијата потенцираше дека на мечот против Исланд, „коцкестите“ ќе играат со втор состав, односно дека главните играчи ќе добијат поштеда. Тоа е само уште еден лош знак за Аргентина која ќе се надева дека Исланд нема да се радува денес, но и во третото коло против Хрватска.

Најново во Меѓународен Фудбал