уште долго време ќе нема таков играч

Ни 300 милиони евра не беа доволни за Барса да најде наследник на Чави

Каталонскиот гигант сака да има среден ред како во времето на Иниеста и Чави

објавено: 21 јули 2018 - 13:30

Шпанскиот првак Барселона продолжува да бара наследник на Чави Ернандес. Легендарниот играч од средниот ред, пред три години си замина од „Камп Ноу“, а каталонците уште не можат да најдат соодветна замена.

Во новата сезона Барселона ќе биде и без вториот дел од „мозокот“ на средината на теренот, бидејќи си замина и Андрес Иниеста. Во најважниот дел од теренот сега одлично се има вклопено Иван Ракитиќ, но сепак уште нема партнер за Хрватот. Едноставно наследник за Чави се нема најдено.

Во овие три години колку што го нема Чави, Барселона купи многу играчи кои се дел од средниот ред. Арда Туран, Андре Гомеш, Денис Суарес, Паулињо, Филипе Кутињо и Артуро Мело. Сите овие беа потенцијални наследници на позицијата на Чави, но ниту еден не е ни приближно како легендата. 

Шпанскиот весник „Марка“ пресмета дека досега Барселона потрошила 265 милиони евра за играчи на позицијата на Чави, но сето тоа било залудно. Едноставно играч како Чави тешко дека ќе се најде уште долго време. 

Најново во Меѓународен Фудбал