НАВИВАЧИТЕ СЕ СЕЌАВААТ НА ТОЈ 21. ЈУЛИ

НЕЗАБОРАВЕН МОМЕНТ: Роналдињо пред 15 години дојде во Барса! (Фото)

На својата официјална страница каталонскиот клуб објави дека пред 15 години е реализиран трансферот кој донесе многу големи нешта на „Камп Ноу".

објавено: 21 јули 2018 - 12:30

На 21. јули 2003. година Роналдињо беше промовиран како нов фудбалер на Барселона, иако се шпекулираше дека од ПСЖ ќе се пресели во Манчестер Јунајтед, сепак за 25 милиони евра го облече дресот на Каталонците.

Ќе остане како еден од најголемите фудбалски магионичари, со својата насмевка на лицето, помина вкупно пет години.

Со освоена титула во Лигата на шампионите, најзначајна во 2006-та после 14. години чекање, со учинок од 207 натпревари и 94 голови.

Најново во Меѓународен Фудбал