ИЗБРАНИ НАЈДОБРИТЕ 11

НЕВЕРОЈАТНО: Нема Хрвати во идеалниот тим на Мундијалот! (Фото)

Со вчерашниот финален натпревар помеѓу Хрватска и Франција (2:4) заврши официјално 21. Светско првенство кое што се одржа во Русија.

објавено: 16 јули 2018 - 15:50

Конечниот пласман е: Франција прва, Хрватска втора, Белгија трета, а Англија со дури три порази заврши на четвртата позиција.

Во очекување сме официјалниот идеален тим на СП да го објави ФИФА, а во меѓувреме популарната страница за фудбалска статистика „WhoScored" ги сподели најдобрите 11 фудбалери.

Зачудувачки е фактот што ниту во најдобриот втор тим нема ниту еден хрватски репрезентативец. Марио Манџукиќ има оценка 7.52, но се наоѓа дури на 18. место.

Најдобро оценет на Мундијалот е белгискиот репрезентативец Еден Азар со просечна оценка 8.5. Играчот на Челзи одигра еден одличен турнир, реализираше три гола и запиша две асистенции.

Најново во Меѓународен Фудбал