ПОСЛЕ „СЛУЧАЈОТ“ СО МИЛАН

Нема мир на Апенините: УЕФА ја казни Рома!

УЕФА го казни претседателот на Рома, Џејмс Палота поради навреди кон судија.

објавено: 20 јули 2018 - 18:55

Така, Палота нема да може да ги извршува своите должности три месеци за време на натпреварите од Лигата на шампионите за периодот од септември до декември.

Европската фудбалска куќа го обвинува шефот на римската „волчица" за несоодветно однесување за време на полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите на Рома и Ливерпул во мај.

Нема да му биде дозволено да комуницира со играчите и тренерите во текот на мечевите, и не смее да влегува во соблекувалните, ниту во тунелот за влез на теренот.

Покрај суспензијата, поради факели од страна на навивачите, калчолигашот ќе мора да плати парична казна од 19.000 илјади евра.

Најново во Меѓународен Фудбал