УРУГВАЈСКИ КЛУБ ПОКРЕНА ИНИЦИЈАТИВА, НА РЕД СЕ ДРУГИТЕ

Нема да има повеќе ваква атмосфера во соблекувалните

Малиот уругвајски клуб Дефенсор Спортинг, започна иницијатива која бргу беше реплицирана од другите клубови во Уругвај, па дури и од другите јужноамерикански клубови

објавено: 22 октомври 2018 - 16:00

Дефенсор им забрани на своите фудбалери да влезат на стадионот со мобилни телефони затоа што тоа „ги блокира односите меѓу луѓето и го поткопува тимскиот дух", рече еден од директорите Фернанде Фадеил.

Иницијативата се шири низ Уругвај, но и низ другите држави во Јужна Америка, па може да стигне и до Европа.
„Идејата ми дојде кога ја видов фотографијата на аргентинската репрезентација на последното светско првенство во Русија кога неколку играчи седнати во соблекувалната гледаат во својот мобилен телефон, а се сеќавам на друга фотографија од истиот тим на Светскиот куп во Мексико 1986 и таму сите беа заедно, зборуваа и се смееја. Така треба да биде во фудбалот", изјави Фадеил.

Неколку европски клубови веќе ја регулираат употребата на мобилни телефони меѓу играчите, вклучувајќи ги и Ајакс и Јувентус, но не до таа мера како Дефенсор со конфискација на телефоните пред влезот.

Најново во Меѓународен Фудбал