Катанец одигра нерешено на првиот меч со Ирачаните

Некогашниот селектор на Македонија дебитираше со Ирак

објавено: 11 септември 2018 - 09:30

Некогашниот селектор на фудбалската репрезнетација на Македонија, Среќко Катанец, дебитираше на кормилото на фудбалската репрезентација на Ирак. Словенецот за првпат беше на кормилото на Ирачаните на пријателскиот меч со Кувајт, кој заврши нерешено - 2:2.

Новиот репрезентативен тим на Катанец двапати водеше на оваа средба, но Кувајт двапати израмнуваше. За словенечкиот стратег кој беше кормилар на нашиот национален тим во периодот од 2006 до 2009 година, до минатата година беше селектор на фудбалската репрезетација на Словенија.

Со репрезентацијата на Ирак, Катанец потпиша 3-годишен договор кој стапи на сила на 3 септември.

Најново во Меѓународен Фудбал