СО ГОЛОВИ ВО СУДИСКОТО НАДОПОЛНУВАЊЕ „КАРИОКИТЕ“ ПОБЕДИЈА

Нејмар не дочека да шутне пенал, но Бразил се спаси

Фаворитот погоди во 91 и 97 минута 

објавено: 22 јуни 2018 - 15:55

Бразил конечно победи и тоа со голови во судиското надополнување. Петкратниот светски првак со 2:0 ја победи Костарика, благодарение на погодоците на Филип Кутињо во 91 минута и на Нејмар во 97 минута. 

Иако беше голем фаворит, Бразил се изнамачи. Костарика одлично се бранеше, но еден кикс беше доволен на крајот Бразил да се радува. Сега „кариоките“ имаат четири бода и ги задржаа реалните шанси дека ќе ја поминат групата. 

Освен двата гола, интересен момент на дуелот беше кога судијата досуди пенал за Бразил, откако Нејмар падна во шеснаесетникот на противникот. Сепак, по консултација со ВАР системот, арбитарот реши да ја поништи својата одлука, проценувајќи дека Нејмар симулирал и пеналот беше поништен.

Во оваа група, вечерва ќе играат Србија и Швајцарија. Србите со евентуален триумф ќе обезбедат место во нокаут фазата. 

Најново во Меѓународен Фудбал