ДАЛИ СЕ СОГЛАСУВАТЕ?

Не се мачете: Очекувајте исти шампиони во Топ 5 европските лиги!

Спортските обложувалници веќе ги предвидуваат победниците во новата натпреварувачка сезона 2018/2019, поточно во најсилните фудбалски првенства на Стариот континент.

објавено: 19 јули 2018 - 08:30

Според „бет365", очекувањата се како и лани, и во следната сезона истите екипи да доминираат и стигнат до нова шампионска титула, секако главен приоритет се Италија, Шпанија, Франција, Германија и Англија.

Во Серија А која се очекува да биде двојно гледана после неодамнешното доаѓање на Кристијано Роналдо во Јувентус, што секако ќе биде додатен проблем за останатите кои конкурираат за Скудетото.

„Старата дама" се очекува повторно стигне на тронот (квота 1.40) што би било осма титула по ред во шампионатот. Македонскиот интернационалец Горан Пандев со Џенова (501.00) се предвидува да имаат сигурен опстанок во Серија А.

СЕРИЈА А

1.ЈУВЕНТУС 1.40
2.НАПОЛИ 7.00
3.РОМА 7.50

ПРИМЕРА

1.БАРСЕЛОНА 1.72
2.РЕАЛ МАДРИД 2.37
3.АТЛЕТИКО МАДРИД 15.00

ЛИГА 1

1.ПСЖ 1.10
2.ЛИОН 13.00
3.МОНАКО 15.00

ПРЕМИЕРЛИГА

1.МАНЧЕСТЕР СИТИ 1.61
2.ЛИВЕРПУЛ 5.50
3.МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД 7.50

БУНДЕСЛИГА

1.БАЕРН МИНХЕН 1.14
2.БОРУСИЈА ДОРТМУНД 8.00
3.ЛАЈПЦИГ 34.000

Најново во Меѓународен Фудбал