Победата на домаќинот е историска

НЕ Е ЗА ВЕРУВАЊЕ: Ниту Бразил, ни Германија, ни Италија, никој не е како Русија

Триумфот од 3:1 против Египет и тој против Саудиска Арабија ќе бидат запишани во аналите на светскиот фудбал

објавено: 20 јуни 2018 - 09:00

Руската фудбалска репрезентација ги живее можеби најблескавите моменти во својата историја. Домаќинот на Светското првенство два две победи по првите две кола и со максимални шест бода чека само теоретски да го завери местото во нокаут фазата. 

Иако пред почетокот на Мундијалот многумина велеа дека токму Русија ќе биде можеби најслабиот домаќин на еден планетарен собир, сега за сега се случува спротивното. На отворањето на турнирот, Русија со 5:0 ја растури Саудиска Арабија и покажа дека има квалитет. 

Со добра игра домаќините продолжија и синоќа на мечот против Египет. Русија лесно стигна до 3:0, а противникот до крајот на дуелот даде само почесен погодок и тоа од пенал преку Мохамед Салах.

Со две победи во два меча и гол-разлика од 8 дадени и само еден примен гол, Русија стана најдобриот домаќин по првите две одиграни средби. Ниту еден домаќин досега немал ваква импресивна гол разлика. Единствено Италија во далечната 1934 година по првите два меча дала 8 гола, но тогаш „аѕурите“ примиле два погодоци, што значи дека билансот на Русија е подобар. 

Во третото коло Русија ќе игра против Уругвај, кога се надева дека ќе го визира првото место во групата. 

Најново во Меѓународен Фудбал