СЕ ПРОИЗВЕДУВААТ „ШАМПИОНСКИ“ ДРЕСОВИ

„Најк“ знае кој ќе биде светски шампион! (Фото)

Се наоѓаме во последниот мундијалски викенд, денеска во Русија според програмата е натпреварот за третото место помеѓу Белгија и Англија, додека утре е битката за трофејот на стадионот „Лужњики".

објавено: 14 јули 2018 - 09:45

За престижниот трофеј ќе се борат репрезентациите на Хрватска и Франција, а „триколорите" се фаворити за светскиот трон.

По се изгледа, компанијата за спортска опрема „Најк" веќе знае дека Франција ќе го освои Мундијалот, барем според сликите кои се објавија на социјалните мрежи.

Веб страницата, специјализирана за откривање на нови фудбалски дресови „Footy Headlines", објави фотографија со француски дресови со две ѕвездички над грбот, ѕвездички кои се добиваат после освојување на СП.

Се знае дека Франција досега има една светска титула, тоа би значело во „Nike" се веќе спремни за славје на избраниците на селекторот Дидие Дешам.

Информациите велат дека веќе се произведени околу 20.000 илјади нови дресови на Франција со две ѕвездички.

Најново во Меѓународен Фудбал