СЛУЧАЈОТ „МАЛКОМ“ НЕ Е ЕДИНСТВЕН ВО СВЕТОТ НА ФУДБАЛОТ

Најголемите трансферни „кражби“

Далеку од јавноста се водат големи борби помеѓу најголемите клубови, за познати или помалку познати фудбалери. По Малком, кој Барса им го украде на Рома во „пет до дванаесет", се потсетуваме на неколку најпознати трансфери кои имале сличен расплет.

објавено: 27 јули 2018 - 15:30

Голема борба водеа ривалите од Манчестер, Сити и Јунајтед во 2008 за да го ангажираат напаѓачот на Тотенхем, Димитар Бербатов, кој требаше да донесе тешка одлука. Иако „Спарси" ја прифатија понудата од Сити, сепак Бугаринот сакаше да игра за Јунајтед.

Кога Бербатов одлета во Манчестер за да разговара со чениците на „Граѓаните", тогашниот тренер на „Црвените ѓаволи" легендарниот Сер Алекс Фергусон прв го пречека на аеродромот, на изненадување на фудбалерот.

„Почестен сум што Фергусон, одвои толку од своето време. Тој лично дојде да ме земе од аеродромот. Тоа беше шок за мене, но и задоволство што го запознав", изјави тогаш Бербатов кој потоа потпиша за Јунајтед.

ЏОН ОБИ МИКЕЛ

Летото 2005 Џон Оби Микел играл за норвешки Лион пред да потпише за Манчестер јунајтед. Тој дури го облекол дресот на Манчестер јунајтед и се фотографирал со него. Но еден месец подоцна Нигериецот се упатил на преговори со Челси со изјава дека „Не сака да игра за Манчестер јунајтед". Откако се закануваа со тужби, Челси ја смири ситуацијата со тоа што плати 12 милиони евра на Јунајтед и шест милиони на Лион.

ЕМАНУЕЛ ПЕТИ

Французинот во 1997. година се наоѓал во Лондон на преговори со Тотенхем. Додека траеле преговорите со тогашниот претседател на „Спарси", Алан Шугар, Пети бил свесен за интересот за нивните големи ривали од северен Лондон, Арсенал. Тие му сугерирале на фудбалерот да не потпишува ништо додека не разговара со неговиот сонародник Арсен Венгер. Со двете опции на маса, Пети бил испратен во хотелот со такси, кое било платено од Тотенхем кои мислеле дека се е готово. Сепак, играчот се упатил накај „Хајбери" и потпишал за „Топчиите".

ВИЛИЈАН

Прво, Тотенхем го „украде" Вилијан пред Ливерпул, за потоа Челси да го „украде" од пред нивниот нос. Летото 2013 година, „Спарси" беа сигурни дека го осигурале Бразилецот од Анжи. Сепак, Мурињо дознал дека фудбалерот се наоѓа во Лондон тој ги вмеша прстите и го насочи кон своите редови.
„Тоа е опасноста, кога имаш медицински прегледи, пред да потпишеш договор. Најдобрата работа што можеш да ја направиш кога ангажираш некој играч, е медицинските тестови да ги направиш тајно", кажа тогаш Мурињо, кој го ангажираше Вилијан за 30 милиони фунти.

КРИСТИЈАНО РОНАЛДО

„Кога прв пат го видов Кристијано Роналдо, си помислив кој е овој? Се јавив на мојот контакт од Португалија и му кажав дека видов „вундеркинд". Таков играч немав видено уште од Тиери Анри. Тој дојде до тренинг центарот на Арсенал два пати. Никој не го знае тоа. Се запозна со Анри, кој беше неговиот идол. Но, кога требаше да го земеме играчот немавме пари", се присетува скаутот на „Топчиите", Дамјан Комоли.

Како резултат на ова, Манчестер Јунајтед го ангажираше Португалецот за мали 12.5 милиони фунти. Рекорд во Британија за тинејџер во тоа време. Овој трансфер комплетно го смени текот историјата во Премиер лигата и во ЛШ.

РОБИЊО

Новите газди на Манчестер сити, сакаа со голем трансфер во 2008 да го прослават нивното влегување во клубот. Робињо беше на излезните врати од „Сантијаго Бернабе", и Бразилецот на сите им стави до знаење дека сака да се пресели во Премиер лигата. Иако преферираше трансфер во Челси, сепак „Граѓаните" понудија огромни 32.5 милиони фунти за тоа време, и на последниот ден од преодниот рок го ангажираа Робињо. И на фудбалерот не му се веруваше колку брзо се сменија работите, доказ за ова е „збунката" во првото интервју кое го имаше како играч на Сити, во кое кажа дека е среќен што потпишал за Челси.

РОЈ КИН

Беше петок вечер, кога во летото 1993. година играчот на Нотингем Форест, Рој Кин се ракуваше со тренерот на Блекбурн, Кени Даглиш. Шкотланѓанецот сакал веднаш да го заврши трансферот, но сите членови на управата заминале дома, и немало кој да го потпише договорот, се до понеделник. Во тоа време, тренерот на Манечестер јунајтед, Сер Алекс Фергусон итро ја искористи ситуацијата и го „грабна" Кин во својот тим па дури и го натера да прифати помала плата. Вестите не беа добро прифатени во Блекбурн.

СЕРГЕЈ МИЛИНКОВИЌ - САВИЌ

Сергеј Милинковиќ - Савиќ буквално требаше да потпише за Фиорентина на 25 Јули 2015 кога Србинот се расплаче на тренинг центарот во Фиренца.

„Жал ми е, но неможам. Навистина неможам", им кажал СМС.
Спортскиот директор на „Виолетовите", Даниеле Пради, беше шокиран од оваа сцена и не сакал да го предомисли фудбалерот.
„Ние никого не молиме. Сергеј побара време за да разговара со неговата девојка и тогаш да одлучи. Но ние не сакаме фудбалер кој не сака да игра за нас затоа се повлековме", изјави Пради.
Следниот ден, Србинот стави потпис на договор со Лацио.

ДАНИ АЛВЕШ

Челниците на Манчестер сити беа толку сигурни дека ќе го ангажираат Дани Алвеш во летото 2017. година, што дури им закажаа на новинарите интервју со него. Сепак, иако требаше да потпише две годишен договор со „Граѓаните" , Алвес го промени мислењето на денот на својата венчавка и тајно потпиша за ПСЖ, иако „Граѓаните" го чекаа. Бразилецот објасни дека морал да ја послуша сопругата која сакала да живеат во Париз.

АЛФРЕДО ДИ СТЕФАНО

Едноставно најголемата „кражба" која фудбалот ја видел. Ди Стефано играше во Колумбија за тимот на Милионерос, кога Реал и Барса сакаа да го ангажираат во своите редови. Има многу митови и шпекулации за еден од најголемите трансфери што се случиле. Каталонците биле сигурни дека го потпишале Аргентинецот, но сепак ситуацијата се сменила и тој наместо во Каталонија стигнал во Мадрид по интервенцијата на генералот Франко инаку приврзаник на кралскиот клуб. Ди Стефано со Реал ја покори Европа, освојувајќи го Купот на шампионите пет пати по ред.

Најново во Меѓународен Фудбал