НЕКОГАШНАТА ЅВЕЗДА НА МИЛАН ПРИРЕДИ ИЗНЕНАДУВАЊЕ

На 52 години одново го облече репрезентативниот дрес

Некогашниот најдобар фудбалер во светот, Жорж Веа, сегашен претседател на Либерија, на 52 години кратко се врати на фудбалот, заигра за репрезентацијата на пријателскиот дуел со Нигерија. 

објавено: 12 септември 2018 - 22:25

Жорж Веа, откако пред 15 години стави крај на својата кариера приреди вистинско изненадување, истрча на теренот со капитенската лента на пријателскиот дуел меѓу Либерија и Нигерија. Некогашната ѕвезда на Милан, ПСЖ, Челзи...одигра 79. минути и со овации беше испратен од теренот, а дресот број 14 кој го носеше во текот на својата кариера беше официјално повлечен. 

Веа во 1995 годна беше прогласен за најдобар играч во светот и засега е единствениот фудбалер од Африка, кој го добил ова признание. Во моментов ужива во популарноса во својата земка, во декември минатата година стана прв човек на тамошната фудбалска федерација.

 

 

 

Најново во Меѓународен Фудбал