ЗА АРГЕНТИНЕЦОТ ЈУВЕ Е ГЛАВЕН ФАВОРИТ ЗА ЕВРОПСКАТА ТИТУЛА

Му „недостасува“ ривалството: Роналдо во Јувентус? Нема шанси!!

После скоро 10 години нема да гледаме дуел помеѓу Португалецот и Аргентинецот во шпанската фудбалска Примера.

објавено: 4 септември 2018 - 11:00

Кристијано Роналдо ќе се обиде да му помогне на Јувентус во освојувањето на третата европска титула, после петте загубени финални средби на „Старата дама".

„Неговото заминување го прави послаб Реал Мадрид, а Јувентус го става на местото прв фаворит за освојување на Лигата на шампионите. Бев изненаден кога слушнав дека го напуштил Реал, не можев да го замислам надвор од Мадрид", рече Меси за „Радио Каталонија".

Чудно, но капитенот на Барса не се најде во Топ 3 конкуренција според ФИФА за играч на годината, за прв пат после 11. години.

За престижната награда ќе се борат Мохамед Салах, Лука Модриќ и долгогодишниот ривал на Меси, Кристијано Роналдо.

Најново во Меѓународен Фудбал