капитенот рече дека тоа веќе нема никогаш да го направи

Модриќ откри зошто го промашил пеналот

Лука имаше можност во 116 минута да донесе победа на Хрватска, но го утна ударот од најстрогата казна

објавено: 2 јули 2018 - 08:30

Хрватска го слави пласманот во четвртфиналето на светското првенство, откако синоќа дури по подобро изведување на пенали ја елиминираше Данска. Дуелот во регуларниот дел заврш 1:1, а немаше погодоци ниту во дополнителните 30 минути. Токму во тие 30 минути можеше Хрватска да го реши прашањето околу победникот, бидејќи Лука Модриќ доби шанса да шутира пенал. 

Сепак ударот на капитенот на Хрватска го одбрани данскиот голман Каспер Шмајхел и го одведе мечот кон пенал рулетот. За среќа на Модриќ, неговото промашување во 116 минута не се покажа како кобно, бидејќи „коцкестите“ беа подобри пеналџии и се радуваа на крајот. Во тие пет серии, Модриќ повторно шутираше, но вториот пат погоди. Самиот Модриќ открива зошто го промашил првиот пенал. 

„Тешко ми беше, бидејќи бев сигурен дека ќе дадам гол. Цел ден гледав како Шмајхел брани пенали. Никогаш веќе нема тоа да го правам“, рече Модриќ, кој на крајот се радуваше. 

Најново во Меѓународен Фудбал