ПЕНАЛИТЕ ГО ОДЛУЧИЈА ПОБЕДНИКОТ ВО ПИТСБУРГ

„Милионерите“ прокоцкаа предност, прво славје на Бенфика! (Видео)

Прв пораз на бундеслигашот во својот трет натпревар на Интернационалниот куп на шампионите...

објавено: 26 јули 2018 - 10:39

На стадионот во Питсбург триумф на првиот меч од престижното натпреварување за екипата на Бенфика која беше подобра на пенали со 4:3.

После регуларните 90. минути резултатот беше 2:2, најпрвин за период од две минути два гола реализираа Германците преку Филип.

Во вториот дел намали Алмеида после асистенцијата на Пици, а за израмнување се погрижи Семедо во 69. мин. од средбата.

Најново во Меѓународен Фудбал